ПАРАДИГМАТA HA ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ ВО ЗЕМЈИТЕ ВО ТРАНЗИЦИЈА И УЛОГАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО НЕГОВОТО СОЗДАВАЊЕ

Автори

  • Трајан Гоцевски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ, РЕСУРСИ, ОБРАЗОВАНИЕ (ЗНАЕЊЕ), ИНВЕСТИЦИЈА, ПОТРОШУВАЧКА, АНАЛИЗА НА ТРОШОЦИ И КОРИСТ

Апстракт

Дваесет и првиот век, познат како век на знаењето, имплицира дека знаењето ce третира како капитал, односно како интелектуална своина на поединецот која има одредена цена на пазарот на трудот. Всушност, концептот на човечкиот капитал, како знаење, во западните економии започнува некаде кон средината на 60-тите годши, a кај земјите во транзиција, дури пo распадот на социјализмот или со 30 години задоцнување.
Современата економска теорија денес, човечкиот капитал го издига високо на пиедесталот на факторите на развојот без кој нема просперитетна развиена функционална пазарна економија потребна на секоја држава и на секој нејзин граѓанин.
Зголемувањето на производствените способности на поединецот имаат најголемо влијание врз економскиот растеж. Човечкиот капитал ce зголемува во образовниот систем, a со тоа ce зголемува и неговиот придонес за економскиот развој. Образовниот систем директно влијае врз развојот на економиите на земјите.
Универзитетите денес, треба постојано дa ja докажуваат исплатливоста на инвестициите во образоеанието, пред Владите и пред бизнис заедниците. Да докажуваат дека образованието не е потрошувач и товар на државата, туку напротив, знаењето кое го создава универзитетот е најскап развоен ресурс и економски фактор.

Преземања

Објавено

2010-12-16

Како да се цитира

ПАРАДИГМАТA HA ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ ВО ЗЕМЈИТЕ ВО ТРАНЗИЦИЈА И УЛОГАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО НЕГОВОТО СОЗДАВАЊЕ. (2010). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 63(1), 1-17. https://doi.org/10.37510/